Категории

КЛАСИЧНА СИНА – Ова е бојата која ќе ја одбележи 2020 година

Бојата која го освои модниот свет

На крајот на секоја година, Pantone Color Institute открива нова нијанса која ќе ја одбележи годината пред нас. После вибрантната корална боја која беше прогласена за боја на 2019 година и која ги одбележа трендовите во модата, убавината, уредувањето на ентериерот, светот нестрпливо исчекуваше која боја ќе ја одбележи 2020 година, а сега е веќе јасно дека тоа е класичната сина.

Во модниот свет, модната недела одржана во септември, модните спијанија и нивните уредница почнаа да ги претставуваат колекциите кои ќе ги постават трендовите за 2020 година.
Тие со радост го пречекаа новиот колоритен тренд, па колекциите на познатите модни брендови изобилуваа со парчиња во класична сина нијанса. Од фустани, одела, плетени парчиња, обувки, аксеосари, оваа боја веќе почна да го освојува модниот свет.

Прегледи:
406
Објавено на:
05.01.2020