Категории

Класичната музика има позитивно дејство врз многу здравствени тегоби

Познато е дека добрата музика е една од најпријатните нешта во животот за луѓето, но многу малку е познато дека таа често може да делува и како лек.

Музиката ги буди нашите најдлабоки чувства, релаксира, но и лечи пациенти болни од разни болести. Отсвирените ноти будат хормон на среќа, а поедини звучни вибрации делуваат на мозокот кој прима и преработува информации добиени преку сетилата. Под влијание на пријатните, особено лесни мелодии, се намалува лачењето на хормонот стрес а се зголемува лачењето на природниот аналгетик – ендорфин, познат како хормон на среќа и допамин.

Пријатната музика ја поттикнува силата на имагинацијата, често делува како седатив, дава иницијатива, ги ублажува болките, го снижува крвниот притисок, ја зајакнува влјата, го отстранува стресот, го подобрува расположнието и стимулира позитивни емоции. Таа ја намалува тахикардијата, го изедначува дишењето, ја подобрува концентрацијата. Многумина велат дека музиката доведува до состојба на медитација а светксите научници откриваат дека помага и при развојот на детскиот мозок.

Научниците откриваат дека музикотерапијата е модерна метода на лечење на пацинетите. Во психијатријата се применува како нова метода на лечење. Стручњаците ги усогласуваат одредени врсти на музика со дијагнозата на пациентот која го ослободува од состојба на меланхолија, го ублажува страдањето и релаксира. Делува на најдлабоките чувства на пациентот така што со суптилни и позитивни вибрации воспоставува психичка рамнотежа, создава чувство на задоволство и радост на живеење.

Прегледи:
592
Објавено на:
22.11.2020