Категории

Клучни нешта кои треба да ги знаете кога влегувате во нова љубовна врска

Совети кои се од исклучителна важност во љубовните врски

1.Смешкајте се
Луѓето се зависни од смеењето. Среќниот став и шегување ќе го освојат нечие срце пред некој висок и згоден маж или плавуша со големи гради.
Насмевката покажува дек ане сте опасни, а сигнализира и добро здравје. Тоа секако не е 100 посто вистина, но оставате таков дојам со својата насмевка.

2.Немојте да сте подгрбавени
Стојте исправено и седете. Тоа покажува дека сте силни, самоуверени и здрави. Исто така ќе изгледате и повисоки.

3.Уредно лице
Не би требало да генеразлизираме и да кажеме дека секоја жена сака избричено лице, а мажите чист бел тен, но ако сакате да одите на сигурно избричете се затоа што се поголеми шансите да и се допаднете на девојката. Жените треба да користат минимална количина на пудра и тоа во нијанса иста како и кожата која ќе направи да изгледаат свежо.

4.Глас
Ни мажите ни жените не сакаат пискав глав. Таквите тонови звучат незрело и недораснато.

5.Користете силни дезодоранси
Вистинскиот совет би бил – немојте да се потите, немојте да мирисате. И мажите и жените го мразат тоа. Дури користењето на парфем не е доволно. Важна е хигиената, редовно туширајте се и користете дезодоранси.

6.Избегнувајте табу теми
Постои едноставна причина поради која некои теми треба да бидат избегнувани. На првиот состанок не треба да збрувате за секти, вера, смртна казна, а треба и да избегнувате сексуални теми. Исто така, не треба да споменувате ни феминизам и политика.

7.Сериозен став
Без оглед дали сте заинтересирани за краткорочна авантура или долга врска, морате секогаш другата страна да ја сфаќате сериозно. Бидете љубезни, немојте да го земате здраво за готово. Однесувајте се како спрема партнер без оглед дали и колку ќе трае вашата „врска“.

8.Позитивен став
После некое време откако сте синл, можеби ќе помислите дека едноставно не сте предодредени за љубовни врски и живот со партнер. Тоа не е вистина.Чекорете со таков став знаејќи дека на никому среќата не му побегнала и вие еден ден ќе ја пронајдете својата.