Чек дис аут
Search

Клучот е во деталите: Најактуелните модни додатоци за оваа есен!

Некои се вратија од деведесеттите, а некои штотуку го завзедоа своето место на модниот врв

Есента е идеален период за модни експерименти па затоа не е случајност што за септември е прогласен за месец на модата. Овој период пружи доста можности за откривање на различни стилови. Ви ги донесуваме најпопуларните модни додатоци кои за време на модниот месец беа најавени како must have за сезоната што е во тек.

Беретка и шешир
Овие два модели на капи својата популарност ја стекнаа минатата година, кога девојките апсолутно полудеа по нив. Ништо поинаку не е ни оваа година, поради тоа што без многу размислување можете да си обезбедите и себеси еден ваков стилски аксесоар затоа што бидете сигурни дека уште долго ќе ги гледаме на подната сцена.

Алки обетки
На голема радост на љубителите на деведесеттите, алките повторно се вратија во модеа, и сега се по популарни отколку кога и да било порано. Нема да погрешите доколку изберете класичен моде, но ви препорачуваме да бидете храбри и да изберете невообичаени форми за да постигнете што по уникатен и по впечатлив изглед.

Марами
Дизајнерите за оваа сезона ставија особен акцент на впечатливите аксесоари за коса како марами, венчиња и шноли. Најактуелни оваа есен се сатенските и плишани венчиња украсени со бисери и кристали, бирајте силни бои и впечатливи дезени. Марамите се во центарот на вниманието но не како украс на вратот туку како аксесоар во косата.




Коментари

[fbcomments]