Категории

Книга на неделата: „ПЕТТАТА ГОРА“ – Пауло Коелјо

Во колкава мера можеме да управуваме со својата судбина и што да правиме кога ќе искрсне несреќа на нашиот пат? Одговорт на ова прашање, инспириран од библиските легенди е главна тема на романот „Петтата гора“ на Пауло Коелјо.

Писателот ја претвара библиската приказна за пророкот Илија во роман кој е истовремено поука дека трагедијата во животот не мора да се доживува како казна, туку како предизвик за човековиот дух. Во текот на бурниот IX век пред Христа, младиот пророк е прогонет од Израел заедно со другите пророци кои одбиваат да го почитуваат паганскиот бог Вала. Илија се сокрива во Сарепта каде се заљубува во млада вдовица. Зафатен од виорот на историски случувања кои следат, младиот пророк со своите дела покажува дека врховната власт, побуната против секој авторитет и ослободување во вид на самостојно одлучување претставу најдлаобок однос со Бога. Главниот јунак наоѓа сила да ги премине сите препреки со своето настојување да им помогне на другите и со тоа сознава дека Бог се наоѓа во неговото срце.

Прегледи:
386
Објавено на:
09.11.2020