Книгите имаат “супермоќ”: Читањето го ублажува стресот до 60%

За опуштање на целото тело и релаксација доволно е само шест минути да издвоиме за читање во текот на денот. Освен што се смалува стресот, читањето го збогатува искуството и вокабуларот, поради што добиваме поголема самодоверба.

Пред спиење читањето делува како хипноза

Додека читаме книга, ритмично ги помрднуваме очите, телото е опуштено, а целата наша концентрација е насочена на уживање во тоа што го читаме и во она што следи. Поради то, читањето на книга пред спиење е најдобрата активност за телото и умот. Но, тоа не важи а електронските книги кои ги читаме на компјутер или таблет, затоа што синото светло кое го произведуваат овие уреди може да го успори или спречи создавањето на хормонот за спиење – мелатонин, што на крајот му штети на квалитетот на сонот, но и на целокупното здравје.

Богатиот вокабулар ја зголемува самодовербата

Во текот на читањето со некои зборови се среќаваме за прв пат. За да го сфатиме нивното значење бараме објаснување за непознатиот збор и на тој начин се богатува нашиот речник а со тоа и самодовербата. Во друштво и на работното место ќе се изразувате без потешкотии, па читањето може да влијае и врз вашата кариера.

Го смалува стресот побрзо дури и од шетање и слушање музика

Во едно истражување се докажало дека стресот кај оние што читаат се намалува и до 67%.

Читањето ја зголемува емпатијата

Читајќи најразлични приказни, добиваме поинаква перспектива за нештата. Навлегувањето во животите на ликовите во книгата ја згголемува способноста за разбирање на туѓите емоции и помага да ги разбереме нивните мотиви за одредени постапки во некои ситуации.

Го поттикнува остварувањето на животните цели

Кога читате за нечија животна приказна може да добиете мотивација да ги остварите своите цели. Колку повеќе се соживуваме со некој лик, толку е поверојатно да превземеме одредена акција за својот живот.

Се зајакнува помнењето и логиката

Книгите ни помагаат постојано да го збогатуваме и надоградуваме знаењето. Повозрасните луѓе кои ја задржале навиката да читаат и да учат се многу позадоволни со своите животи. Добрата книга дури може да ни помогне да ги одржиме когнитивните функции на долг рок.




Коментари

коментари