Коби Брајант се качил во хеликоптер со ќеркичката и толку, за само еден миг, крај и за двајцата. А ти мисли се. Двоуми се. Лишувај се од задоволства

Коби Брајант се качил во хеликоптер со ќеркичката и толку, за само еден миг, крај и за двајцата. Веќе ги нема. Тој 41, таа 13 години.

А ти мисли се. Двоуми се. Лишувај се од задоволства. Оставај ги за подобри времиња. И одложувај. Штеди, не троши. Реши, па предомислувај се. Тргни, па застани. Појди, па врати се. Инаети се, не попуштај. Трпи болка, не простувај. Чекај да те молат, не се јавувај. Молчи и не кажувај никому ништо. Посебно не убавото. Не мора денес. Ти вечно ќе живееш. Има време. Најубавите зборови кои можеш некому да ги кажеш, најдобрите дела кои можеш за некого да ги направиш, чувај ги за утре. За она утре кое можеби никогаш нема да осамне…

Живот неизживеан. Дела неостварени. Зборови одмолчени. По тоа ли сакаш да те паметат? Твоите блиски нема да знаат што си сакал за нив да направиш или да им кажеш. А ти ќе немаш време ни да се покаеш. Ќе имаш само еден миг… прекраток за било што друго освен за последна воздишка… како оној денес на Коби и ќеркичката.

 

 

Фејсбук статус на Калина Коси




Коментари

[fbcomments]