Категории

Ќофтиња од тиквица и месо: Предјадење во кое ќе уживате! (РЕЦЕПТ)

Израдувајте ги членовите на вашето семејство со овие ќофтиња и една чаша црно вино.

Состојки:

  • 1 кг мелено месо
  • 3 тиквици исечени на траки
  • 2 свежи пиперки исечкани на квадратчиња
  • шери домати
  • 2 лажици доматен сос
  • 30 гр путер
  • 2 главици кромид
  • 2 јајца
  • 150 гр презла
  • сув зачин
  • сол
  • бибер
  • слатка пиперка
  • сув магдонос
  • лук
  • 1 лажица сода бикарбона

Подготовка:

Најпрво изрендајте го кромидот, потоа додадете го меленото месо, ставете ги зачините, сода бикарбона, јајцата и презлата и со рацете направете компактна смеса. Од таа смеса направете топчиња кои потоа се пржат. Кога ќе се испржат завиткајте ги во тиквиците, ставете пиперка и шери домат одозгора. Наредете ги во плех за печење.

Преливот направете го од малку загреано масло, доматен сос, вода. Сварете го и прелијте го преку ќофтињата. Печете во рерна 10 минути. По желба додадете пармезан одозгора.

Пријатно!

Прегледи:
623
Објавено на:
29.04.2020