Категории

Кога анксиозноста го зема најдоборо од тебе – Запомни ги овие зборови

Кога анксиозноста го зема најдоброто од тебе, само прочитај го ова..

„Знам дека си изморен иако штотуку се разбуди, но обиди се да го направиш најдоброто од себеси денес. Тоа е единственото кое ќе го побарам од тебе. Тоа е единственото кое можеш да го побараш од себе.
Немој да вршиш притисок врз себеси. Знам дека си исплашен да не паднеш. Знам дека тежнееш кон совршенство и се уништуваш себеси секој пат кога ќе потклекнеш. Ти си твојот најголем непријател а јас сум тука за да ти кажам дека не мораш да бидеш.

Знам дека се грижиш и размислуваш премногу, иако сите ти велат да се опуштиш ти сепак не можеш. Сакам да знаеш дека тоа што си способен толку да се грижиш е всушност знак на цврстина. Тоа не е слабост, и тоа е доблест. Ти имаш срце кое не сака да повреди никого. Знам дека мислиш дека си параноичен но само сакаш да ги направиш вистинските избори. Сакам да знаеш дека веќе ги направи. Ти се справуваш одлично. Знам дека твоето срце чука како лудо но ти го прикриваш со насмевка. Во овие мигови на анксиозност кои те контролираат само земи длабок здив. Направи се што мислиш дека треба да направиш за да се смириш. Прифати го и освои го тоа чувство.
Знам дека се обвинуваш себеси што не можеш да ги контролираш чувствата и што плачеш кога си сам за нешто врз кое не си можел да влијаеш, но престани да се мразиш себеси. Во ред е да постојат такви мигови, постојат многу повеќе нешта од твојата анксиозност.

Следниот пат кога анксиозноста ќе го земе најдоброто од тебе сакам да знаеш дека:
Се ќе биде добро. Твојот живот ќе биде во ред. Она што е наменето за тебе нема те остави. Никој не мисли дека ти си пречка. Прави го она кое сметаш дека треба да го правиш. Сите други едноставно нека се адаптираат. Запомни ти си личност која е сакана, ти си личност која е потребна. Ти си личност за која некој се грижи. И немој да дозволиш анксиозноста да те дефинира, немој да го дозволиш тоа.“

Прегледи:
120
Објавено на:
02.11.2020