Рабинот Харолд Кушнер ги гледал децата на брегот како ѕидаат кули од песок. Кога ја завршиле замислената кула за која потрошиле долго време и трпение, пристигнал еден бран и во истиот миг ја израмнил со земја. Рабинот очекувал солзи и бес. Меѓутоа, децата седеле, се фатиле за рацете и почнале да се смеат. Малку потоа, почнале да градат нова кула.
Тој се насмевал и рекол: „Спознав дека ме научија на доста важна лекција. Сите нешта во нашиот живот, кои ги создаваме долго време и со многу енергија, се створени во песок. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано или подоцна ќе дојде бран и ќе го однесе сето она кое сме го граделе со толкав труд. Кога тоа ќе се случи, можат да се смеат само оние кои ќе имаат со кого да се држат за рака. “