Категории

Кога човековата глупавост е бескрајна – луѓе споделуваат смешни приказни каде што соговорникот бил на некое ново ниво на глупавост

Дали го сакаме тоа или не, моменти на глупавост се случуваат секому. Во човековата природа е да сме понекогаш глупави. Не е ништо ново тоа. Но, смешното е кога ќе видиме дека некој е глупав на сосема наредно ниво.

Кога еден корисник на Редит  го поставил прашањето: „Кој беше Вашиот „Овој е глупав на следно ниво“ момент?“, доби 67.9 илјадници лајкови, а и многу смешни приказни во коментари. Подоле може да прочитате некои од нив.

  1. Еден другар ми објаснуваше колку мрази компири, додека јадеше помфрит. Буквално не можев да го разубедам дека помфритот е исто така компир.
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  2. Јас сум идентичен близнак, и имам одговарано на многу глупави прашања. Но, најглупавото беше кога една девојка ме праша дали јас и брат ми се мешаме еден со друг. Ја прашав: „Дали ме прашуваш дали понекогаш мислам дека сум брат ми!?“. На тоа таа ми одговори: ДА!
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  3. Колега на работа кажуваше како купил туш со слаб притисок и како сега ја полнел цела када без да се чувствува криво, бидејќи ВАКА ТРОШЕЛ ПОМАЛКУ ВОДА.
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  4. Додека работев во продавница, една жена дојде на каса. Откако ја искуцав продажбата, жената налутено ме праша:
    -Зошто е ова 20 долари?
    -…бидејќи тоа му е цената? – одговорив збунето
    – Но, на влезот пишува дека сите маици се со 50% попуст.
    -Да, госпоѓо, но ова е КАПА.
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  5. Пред некое време имав потрес на мозокот. Еден пријател не сакаше да ме посети, од страв да не се зарази.
    Не се шегуваше.
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  6. На час по историја гледавме документарец за тоа како некои луѓе во Африка живеат. Една девојка бараше на пола филм да се прекине, бидејќи не ѝ се веруваше дека тоа е документарец и дека луѓе вистински живеат така,и мислеше дека на Историја гледаме фиктивен филм. Едвај ни поверува по пола саат уверување“.
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  7. Имав другар кој поверува во лажните реклами на Apple кои тврдеа дека ако го ставиш i-phoneот во микробранова печка, инстантно ќе ти се наполни. Никако не ми веруваше дека е лага. По неколку дена дојде на училиште со нов телефон…
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  8. Работам во национален парк (не во зоолошка градина). На неколку наврати ме имаат прашано каде ги чуваме животните навечер.
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
  9. Познавав девојка која што беше убедена дека „север“ е било која насока кон која што си свртен во моментот.
    Another-Level-Of-Stupid-Moments
Прегледи:
860
Објавено на:
04.09.2020