Кога другите ќе почнат да ги спуштаат критериумите –Ти само зголеми ги своите

Немој да тргнуваш по нивниот пример, никако!

Ти остави ги оние критериуми кои си ги поставил и цврсто верувај во своите иделаи, ако знаеш што сакаш и ако соништата ти се карта на која би вложил се. Остани доследен на својата цврстина која си ја имал и никогаш нема да зажалиш. Кога ќе видиш дека околу тебе луѓето ги спуштаат критериумите, набрзо ќе сфатиш дека нема успех преку ноќ и дека ништо што е вредно не доаѓа само од себе.

Кога другите ќе почнат да ги спуштаат критериумите, сфати дека така нема да се чувствуваат подобро во својата кожа, затоа што ќе дојде време на жалење што пропуштиле многу прилики кои им биле дадени, пропуштиле многу прилики да градат големи соништа а сега останале без ништо. Немој да се откажуваш од она во кое веруваш затоа што тоа секогаш ќе биде нештото кое ќе те држи исправен и непоколеблив во сите твои недоумици.

Кога ќе видиш дека другите почнале да ги спуштаат критериумите, ќе сфатиш дека многу од нив се лажат дека одат напред во животот а само месечарат. Месечарат затоа што немаат сила да се разбудат и да ја видат вистинската вредност и да ги прифатат вистинските предизвици и да сакаат вистински живот, а не само некоја негова бледа копија. Кога ќе видиш дека околу тебе луѓето ги спуштаат критериумите ти своите зголеми ги затоа што секој ја одредува својата иднина и нема право да се пожали на другите кога му е лошо.

Верувај во себе и држи се до ветувањата кои си ги дал на себеси, ветувањата дека ќе одиш напред и колку да ти е тешко и на колку препреки да наидуваш. Ти подигни го нивото; барај повеќе, потувај подалеку, чувствувај подлабоко, сакај посилно, читај повеќе. Немој да се задоволуваш со трошки кои никогаш нема да те заситат. Подигни ги критериумите и подигни го квалитетот на твојот живот!




Коментари

[fbcomments]