Кога е најдоброто време за бременост, брак или развод? Еве го одговорот!

Секој од нас во животот носи одлуки за кои смета дека се правилни, но оние најважните, како што се брачната заедница и планирањето на бременоста, обично се прават на одредена возраст. Дали навистина постои совршено време за брак, бременост или развод? Еве што велат истражувањата…

Свадба. Најпопуларното време за свадби во САД е есен, додека во Велика Британија е летото. Во 2017 година најмногу склопени бракови во САД  се случија во септември (16%), јули (15%) и во октомври (14%). Според овие истражувања паровите кои имаат организирано поевтини свадби имале поуспешни бракови. Оние кои се мажат на возраст од 28-32 години имаат најголема шанса за долг и успешен брак, според една студија од Јута.

Развод. Месецот во кој најмногу луѓе се разведуваат се март и август. Се верува дека овие месеци се најчести поради воздржувањето на паровите да се разведат за време на сезонските одмори. На национално ниво, најголем борј на разводи во САД се склопуваат во јануари, а се верува дека ова е затоа што со новата година двојките сакаат нов почеток во животот.

Бременост. Кога станува збор за бременост, квалитетот на спермата е многу важен елемент. Истражувањата покажаа дека мажите имаат најквалитетна сперма во пролет. Најлошиот квалитет на спермата кај мажите беше забележан во текот на летните месеци.




Коментари

коментари