Кога е најцрно, тогаш БЛЕСКАЈ!

И не е важно дали ти течат солзи или ти доаѓаат идеи за беспомошноста и бесмисленоста на тоа што го правиш во моментот или размислувајќи на она што си го градела со некоја личност. Мракот кој доаѓа е само илузија. Тоа е многу важно да се сфати што побргу.

Направи сѐ што е потребно за да ја забележиш веднаш разликата помеѓу енергетскиот кал во кој се валкаш и едноставноста на постоењето светлина при новиот избор. Изборот твојата љубов да биде чиста без обзир на сѐ.

Тешко е? И тоа е твојот изговор да го уништиш својот живот и без заинтересираност да се однесуваш кон сите животни благослови? Нешто не се одвива по твоја волја, па устата неконтролирано ти изговара зборови создадени од бес, кои без цензура поминуваат преку твоите усни? Преку истите усни кои знаат да молат, знаат да кажат благодарам, кои знаат да љубат и да сакаат?

Каква е таа заслепеност на умот која ти се случува за толку лесно да се предадеш? Какви се ти сили во твоето опкружување кои те влечат како окови во подземјето на твоето постоење? Како да го рационализираш бесот кој генерирал во деструктивно однесување со кое ги повредуваш и другите и себе? Што ти се случува? Како да се убедиш себеси дека ова е оправдано однесување или барем дека е единствено можно однесување со оглед на животните околности?

Како успеа да се увериш себеси дека агресијата е решение или уште полошо дека не постои решение, па така бесот станува стил на живот, единствено оправдан и во склад со разочарувањето на твојот ум?

Што и да ти се случило, сѐ уште си жив! Биди благодарен најпрво за тоа! Дадено ти е да се спознаеш себеси, а немаш сила да се помрднеш? Да си кажеш ДОСТА Е со саботирачко однесување и со сожалување? Ти се допаѓа и другите околу тебе да се чувствуваат мизерно како тебе затоа што не сакаш да ги надминеш своите фрустрации? И потоа сите требаат ТЕБЕ да те разберат и да се прилагодат во однос на тебе.

До кога веќе? Освести се и зајакни! Тргни ги тие изрази од лицето, тргни ја заштитата и тргни се од она што те влече кон уште подлабок мрак! Што чекаш? Кој ќе дојде наместо тебе и ќе го унапреди твојот живот? Кој може да ги промени твоите мисли и животни навики? Кој може наместо тебе да ја замисли твојата светла иднина?

Имаш некоја дијагноза позади која се криеш? Ментална, физичка, емоционална состојба која те оправдува во твоите очи?

Уште не си доволно добар за нешто, се плашиш да бидеш светлост за да не ги изневериш семејството или пријателите кои те потсетуваат на тоа дека си безвреден? Време е да создадеш нови пријателства и ново семејство. Најпрво во својата глава. А потоа сфати дека секојдневно мора да ја ИЗБЕРЕШ светлата страна на животот, секогаш кога ќе наидеш на мрак.

Ниедна техника повеќе не ти е потребна, ничие мислење, ничие влијание. Ништо. И онака не ги забележуваш. Те понесува вибрацијата и паѓаш по неколку денови. Зарем толку си слаб?

Зарем поверува во идејата дека НАВИСТИНА ништо не можеш? Зошто мислиш дека си помалку совршен од било која возвишена креација на овој свет?

Пресечи ги сите залудни мисли и прекини веќе еднаш со своето себично однесување. Животот ти е даден за да го живееш со благодарност. Дигни ја главата, развлечи ја насмевката, исправи се и направи нешто со својот живот. За почеток, престани сам себе да си подметнуваш нога, а животот ќе го направи останатото.

Толку е едноставно.

Само зависи што ќе избереш.




Коментари

коментари