Кога еден инстаграм пост може да те чини 400.000 фунти…

Поранешниот британски капетан Џон Тери остана пократок за 400.000 фунти, заради инстаграм пост.

Додека фудбалерот и неговата сопруга скијале, крадци влегле во нивниот дом во Оксшот, Сари.

Нивното патување на француските Алпи, било овековечено со фотографија, а тоа секако го соопштиле на нивните инстаграм профили, што за некого било зелено светло да влезе во 5 милионската вила на парот и да украде дизајнерски парчиња, накит и друга вредна покуќнина.

Највредното украдено парче е Хермес чанта во вредност од 42 илјади фунти. Веројатно во иднина ќе преиспитаат што ќе постираат на социјалните мрежи или пак ќе најдат подобар безбедносен систем.




Коментари

коментари