Кога ќе го допреш дното, ти преостанува само една работа: Ова е твојата единствена животна грешка

Животот е она што се случува додека ти планираш нешто друго.

Им се случува на сите. Животот едноставно некогаш не учи да паднеме „на дно“, односно да достигнеме екстремна точка на лоша среќа, неволја и очај.

Емоциите, физичкото здравје, општествениот живот и кариерата одат по ѓаволите. Двајцата верни другари тогаш единствено остануваат покрај нас – стравот и тагата.

Секој поминува низ вакви тестови на судбината од време на време. Драмата и лошите работи им се случуваат на сите. Неизбежно.

Велат дека животот е она што ти се случува додека планираш нешто друго. И тоа треба сите да го запомниме, кога повторно ќе бидеме на ред за суровиот тест, да останеме на низе, но сепак ќе боли. Многу.

Што чувствуваат луѓето во ваквите моменти?

Најчесто се чувствуваат изгубено. Не знаат каде припаѓаат. Не чувствуваат дека некогаш ќе им се случи нешто убаво, дека овие моменти некогаш ќе поминат. Чувствуваат дека се сами насред пустина. Состојбата дополнително се влошува со овие негативни мисли.

Најголемата животна грешка е стравот!

Секој човек се плаши од непознатото, и тоа е сосема нормално. Но, идните настани не можеме да ги предвидиме, ни да ги спречиме.

Кога проблемите доаѓаат „преку глава“, кога се чувствуваме како да се гушиме, ни остануваат само две опции – првата е да продолжиме да се гушиме и да се сожалуваме, а другата е да се обидеме да надминеме сѐ што ни се случило и да продолжиме да чекориме по својот пат.

Изборот е на вас, одлуката е само ваша.




Коментари

коментари