Категории

Кога ќе ја изгубите вашата мотивација – Сетете се дека откажувањето е најлошиот избор кој можете да го направите

Секогаш кога ќе помислиш дека си ја изгубил својата насока и дека те фатила некоја меланхоличност, постави си го прашањето на себеси: Што сакам да правам? – И тогаш направи го тоа. 

Секогаш кога ќе помислиш дека си ја изгубил својата насока и дека те фатила некоја меланхоличност, постави си го прашањето на себеси: Што сакам да правам? – И тогаш направи го тоа.

Како што почнуваме да се оддалечуваме од својот колосек, почнуваме да чувствуваме немир и незадоволство. Се додека сме блиску до својот вистински пат, го гледаме чисто она кон кое сме насочени.

Сите имаме свои времиња кога се чувствуваме неисполнети и неостварени, губиме желба и не сакаме повеќе да се трудиме нити да бараме начин, тоа е дел од секој човек – двоумењето во себеси. Но никогаш не треба да му поверуваме на тој внатрешен глас кој понекогаш знае да игра игри, тој е само тест кој служи да ја зацврсти нашата цел.

Што и да се случи никогаш не смееме да застанеме и да се вратиме назад, и колку гласовите понекогаш да бидат остри и осудувачки, не смееме да потклекнеме на ранливоста и несигурноста. Откажувањето е многу полошо од неостварените желби, и многу поголема загуба.

Прегледи:
362
Објавено на:
28.04.2020