Категории

Кога ќе ја сретнете сродната душа, ќе почувствувате неверојатен набој на емоции: Препознајте ја по овие 4 знаци!

Секој сака да ја пронајде својата друга половина, но не е секогаш лесно

Ако влезе „сродната душа“ во вашиот живот, онаа со која чувствувате огромен набој на емоции и која е дел од вас, можете да ја препознаете по интензивното чувство, но најверојатно ќе биде придружена и со овие четири карактеристики.

 

  1. Забрзан личен развој

Обично, кога сродните души конечно ќе се сретнат, по интензивната и моментална хемија започнува период на забрзување на личниот развој и еволуција и за двајцата и за секој од нив поединечно. Двете сродни души ќе сфатат дека нивните животи имаат цел и ќе се ослободат од застарените системи на верување и стереотипите.

 

  1. Чувство како одсекогаш да се познавате

Кога ќе ја сретнете сродната душа, ќе се чувствувате сосема поинаку од било каква конекција што ја имате во животот, но истовремено ќе ве потсети на нешто неописливо убаво и познато во вашето срце. Ќе почувствувате и ќе знаете дека сте вечно поврзани со оваа душа. Вие природно се чувствувате како едно со таа личност, а вашата љубов е силна и преголема.

 

  1. Или мир или хаос

Средбата со сродната душа не е за оние со слабо срце, поради што многу личности нема да го изберат ова искуство во оваа инкарнација. Пламенот на сродната врска може да пукне во експанзија на љубов и прифаќање, но исто така може одеднаш и насилно да се сруши и да ве одведе во вител на хаос и болка. Второто сценарио обично се случува кога другата сродна душа не е подготвена да се ослободи од старите навики, верувања и обрасци на однесување кои го попречуваат искуството на љубовта без приврзаност и очекување. Овој однос е секогаш предизвик и за обајцата партнери.

 

  1. Сексот е со различен „калибар“ од кое било претходно искуство

Сродните души кои ќе се обединат во сексуална врска ќе сватат дека е сосема различна од која било друга во минатото. Сродните души можат да водат љубов дури и без вистински чин – тие разменуваат физички контакт на астрално ниво. Тоа всушност претставува чувство дека нечиј дух е целосно поврзан со вашиот, дури и без секс. Сексот во секоја врска преставува соединување, но кај сродните души тоа претставува патување во друг свет – до места каде што вашите минати и идни животи се спојуваат со сегашноста.

Прегледи:
732
Објавено на:
13.01.2020