Кога ќе се осмелат да ве прашаат зошто немате деца, одговорете им со овие 7 реченици на познатите дами!

Сметате дека постоењето на матката е доволна причина поради која секоја жена која ја има мора да има и дете? Овие 7 познати дами не се сложуваат со вас.

Хелен Мирен

„Тоа не беше моја судбина. Мислев дека ќе биде, чекав да се случи, но никогаш не се случи и воопшто не ме интересира што ќе мислат луѓето. Кога и да ме прашаше некој здодевен човек: „Што? Немате деца? Подобро работете на тоа стара девојко“, јас ќе му одговорев: „Не. Одј*би.“

Дита Фон Тиз

„Сметав – ок е да немаш деца. Отсега само ќе гледам како се одвива мојот живот и ќе видам што ќе се случи. Нема да бидам полоша личност ако немам деца. Ќе биде онака како што треба да биде.“

Џенифер Анистон

„Немам таква листа на работи кои морам да ги направам и не мислам дека доколку не направам нешто од тие работи, тоа би значело дека помалку вредам како жена. Родив многу нешта и се чувствувам како да сум им била мајка“.

Ким Катрал

„Кога имав 5 години сонував да имам 100 кучиња и 100 деца. Чувствувам огромен притисок однадвор и знаев дека не сум подготвена на тој чекор. Во овој живот не е дел од моето искуство да станам биолошка мајка.“

Камерон Дијаз

„Да имате деца е огромна работа. Да имате покрај себе животи за кои сте одговорни… не го сакав тоа. И не ми беа поради тоа нештата полесни.“

Деби Хари

„Сигурно не сум единствената жена на светот која никогаш немала деца. Постојат толку многу причини зошто јас и Крис никогаш немавме деца. Работевме многу, бевме среќни и не чувствувавме потреба. И отсекогаш мислев: има многу деца на светот. Не морав ништо да додадам на тоа.“

Ешли Џад

„Факт е дека избрав да немам деца бидејќи верувам дека децата кои што се веќе тука се и мои. Не морам да правам сопствено бебе кога има толку многу сирачиња и напуштени деца на кои им е потребна љубов, внимание, време и грижа.“




Коментари

коментари