Чек дис аут
Search

Кога ќе се вратеше од работа, мојата мајка секогаш одмораше по 20 минути…

Мојата мајка, кога ќе се вратеше од работа, никогаш не трчаше накај кујната, започнувајќи да лупи компири или да мати палачинки. Таа најпрво одеше во кревет и дремеше 20 минути, а потоа полека ќе започнеше да ги „решава“ домашните обврски.

Никогаш, додека правеше запршка, не ја проверуваше мојата домашна, туку ми велеше: „Учиш за себе, не за мене“ и „Ако ти е тебе добра таа оценка и мене ми е…“

Само, изгледа на ништо не ме научила затоа што верував дека одморот е одлика на слабите, а оние кои имаат цел мора да работат 24 часа дневно.

Знам една деловна жена која 10 години не отишла на одмор! Десет години не се капела во Јадранско, Јонско, Егејско, Црно или Средоземно Море. Десет години не шетала по европските градови, не им се восхитувала на врвовите на Олимп, не шетала низ Виена. Спие по 5 часови дневно и тврдоглаво продолжува да гради кариера, искрено верувајќи дека секоја пауза ќе ја врати неколку години назад. Видот и ослабе, нервите и се истенчија, а срцето неправилно и чука – само што таа не е свесна за тоа.

Долго ја набљудував со восхит, сметајќи дека треба да бидам како неа, а потоа го научив законот на неутралноста.

Со секоја промена во животот треба да застанете. Тоа е можност да земете воздух, да ја исбришете потта, да јадете нешто и да ги намачкате усните. Проверете го нивото на гориво во сопствениот резервоар за енергија за да избегнете ризик од застој на средина на патот!

Невозможно е да застанете при движење со полна брзина. Нереално е да излезете од шумата без да запрете и да го одредите правецот север-југ. Никој не може да ги научи сите лекции бз неопходни промени.

Паузи се потребни на секој чекор: пред скокот во вода или височина, пред да излезете пред луѓе, пред да излажете или кажете вистина.

Застануваме во текот на божиќните празници или на црвено на семафор. Лизгачот застанува пред да изведе скок. Шахистот размислува за следниот потег.

Ако се занемарат паузите, околностите ќе не спречат: настинка или сериозна болест, несреќа, пожари или земјотреси.

Сѐ во животот е ритмично: ден-ноќ, зима-лето, вдишување-издишување.

Се сеќавам на една личност која ми рече дека во животот мора да постојат моменти кога ништо не ни се случува: само да седиме и да гледаме во ништо. Тоа е враќањето при себе!




Коментари

[fbcomments]