Кога ќе видат снег, хороскопските знаци ги прават следниве работи

За многумина, снегот предизвикува радост, среќа и причина за насмевки на лицето. За други, снегот е причина за лутина, страц, ужас.

Но, дали некогаш сте се запрашале како секој хороскопски знак реагира на снегот и дали тоа навистина има некаква поврзаност?

Овен

Овните не се големи љубители на снегот. Посебно се ужаснуваат кога се во сообраќај, бидејќи воопшто не толерираат други возачи. Подготвени се и сами да го исчистат снегот за побрзо да поминат.

Бик

Биковите не се љубители на снегот и подготвени се да останат дома додека не се стопи. Тој може да направи ручек за целата зграда, само за да не излезе надвор.

Близнаци

Близнаците се први кои го земаат телефонот во рака за да се фотографираат, а потоа ги објавуваат фотографиите на своите профили на Инстаграм. На Facebook пак, објавуваат статус како се заглавиле во снегот.

Рак

Ракот гледа низ прозорец и се сеќава на деновите кога гледале снегулки заедно со баба и дедо, на деновите кога се мавале со топки и уживале во снежните игри.

Лав

Лавовите даваат изјава за новинарите кои снимаат прилог за застојот и неисчистените улици од снег. Тие сакаат само да критикуваат, а не да помогнат во нешто.

Девица

Девиците секако се нервозни и се дерат, бидејќи се каат што излегле од дома. Ги обвинуваат сите околу нив дека ќе настинат на ладното време, посебно затоа што мора да го исчистат снегот.

Вага

Вагата е весела и позитивна и ужива во снегот. Расположена е дури и за да земе лопата и да го исчисти снегот кој прави проблеми наоколу. Вагите се подготвени веднаш да се впуштат во снежни авантури.

Шкорпија

Шкорпиите не можат да се воздржат и мечтаат за еротско искуство со поглед кон снежна идила. За нив не постои лошо време и место.

Стрелец

Стрелците го гледаат снегот како предизвик и зимска авантура. Тие кога ќе видат снег помислуваат на добра забава и опуштање без двоумење. Воодушевени се од глетката и не се воопшто заинтересирани за чистење на снегот.

Јарец

Јарците се лути, бидејќи природата ги победила и не разбираат зошто снегот не може да се сопре. Може да ги нема никаде и да го поминат цел ден во спиење.

Водолија

Водолијата обожава да пие топол чај со блиските. Чистењето на снег секогаш е позабавно во друштво. Исто така не може да ги разбере луѓето кои несоодветно се облечени за временските услови.

Риби

Рибите обожаваат да спијат во топла постела. Додека се дома, не му даваат многу на значење на времето. Но, кога треба да излезат надвор, воопшто не се среќни.




Коментари

коментари