Кога мажот не ги открива своите чувства – Дали треба да ве загрижува и што всушност значи тоа

Ова се најчестите причини поради кои мажите се воздржуваат од искажување на чувствата

Факт е дека жените се поотворени кога е во прашање искажувањето на чувствата, затоа пак мажите се тие кои се повеќе воздржани и се случува многу малку да раскажуваат за своите желби, грижи и какви емоции имаат.

Зошто се случува тоа? Која е причината за машкиот молк и воздржаност?

Во главно тоа не значи дека му е сеедно, едноставно некои мажи поинаку умеат да ги искажуваат своите чувства а тоа е преку гестови и мали знаци на внимание.
Од друга страна, жените се тие кои можат да помогнат во нивното отворање, односно со искрен расковор и без притисок да ги наведат да ги искажат своите чувства. Но без постојано притискање од типот на прашања „Дали ме сакаш?“ „Зошто почесто не ми кажуваш дека ме сакаш?“

Жените треба да бидат говорен пример и да има покажат колку разговорот може да помогне и да ослободува кога се во прашање темите кои ги вклучуваат чувствата. Најдобро е едноставно секој по малку да зборува за своите сопствени желби, соништа, грижи – сигурно ќе забележи колку тоа може да биде ослободувачко.

Треба да сфатите дека вистинските мажи исто така отворено разговараат за своите чувства и активно вложуваат во врската – поради тоа треба да водите грижа за тоа да бирате „вистински маж“. Доколку постојано посакувате „лошо момче“ и барате од него да биде чувствителен тие баш и не одат заедно.




Коментари

[fbcomments]