Кога нема да се плашиш да останеш сам, тогаш ќе научиш како да водиш

Затоа што исправувањето сам за себе е силно и ослободувачко. Да знаеш дека не ти е потребен никој. Да знаеш дека можеш да преживееш сам, без ничија помош.

Самотијата умее да биде тешка. Понекогаш може да те натера да помислиш дека ќе останеш сам засекогаш. Понекогаш се навикнуваш толку на неа што забораваш дека имаш живот кој те чека да го живеш. Понекогаш е побезбедна од тоа да направиш чекор напред и да бидеш повреден.

Но тоа не е самотија која е добра, тоа е деструктивна самотија.
Постои една страна од самотијата која е охрабрувачка и таква која е всушност опасна и отровна.
Постои страна на самотијата која ќе ја разбереш само тогаш кога ќе ја сфатиш како пријател наместо како непријател. Кога таа ќе стане твој пријател, нема повеќе да се плашиш од неа. Нема да биде твоја ноќна мора, нити најголем страв.

Затоа што исправувањето сам за себе е силно и ослободувачко. Да знаеш дека не ти е потребен никој. Да знаеш дека можеш да преживееш сам, без ничија помош. Да знаеш дека можеш да ги пушташ луѓето да заминат од тебе затоа што сакаш а не затоа што мораш.

Да бидеш сам е подобро од тоа да бидеш покрај погрешни луѓе. Подобро од тоа да се промениш себеси за да им удоволиш на другите. Да бидеш сам е подобро од тоа да се лажеш себеси само за да се вклопиш. Затоа што самотијата ќе биде постојана во твојот живот дури и тогаш кога си опркужен со луѓе. Ќе се чувствуваш сам кога нема да си сфатен. Кога некој кој ти значи ќе замине од твојот живот. Ќе се чувствуваш сам кога нема кој да ги поддржува твоите визии и соништа.

Па наместо да гледаш на неа како на непријател, обиди се да ја прифатиш како некој близок.
Кога нема да се плашиш да останеш сам, тогаш ќе научиш како да водиш. Како да бидеш првиот, оној кој ќе го одредува патот и кого другите ќе го следат.




Коментари

[fbcomments]