Чек дис аут
Search

Кога по тебе фрлаат со камења, само прескокни ги – Еден ден тие самите ќе се сопнат од нив

Не ги собирај камењата кои ги фрлаат по тебе за да им ги вратиш назад, само прескокни ги и продолжи напред кон својот успех и среќа.

Понекогаш знаејќи дека си во право сакаш да им го кажеш тоа на другите во лице, со сите аргументи, но тогаш сфаќаш дека сето тоа нема смисла

Нема да сакаат да те слушаат, всушност ќе се прават дека те слушаат, но и понатаму ќе продолжат по свое. Понекогаш знаејќи дека си во право сфаќаш колкаво е чувството на слобода не влегувајќи во расправа со некој кој не сака да ја слушне другата страна, кој секогаш ќе остане уверен дека неговата вистина е единствената вистина.

Имај почитување спрема себеси и не влегувај во расправа со некој кој води само монолог. Силните луѓе го чуваат сопствениот мир, слабите мислат дека ако се докажуваат ќе постигнат нешто. Немој да чекаш другите да се променат, само промени го своето опкружување заменувајќи го со друго.

Кога луѓето ќе почнат да зборуваат лошо за тебе, да те оговараат и клеветат, не сфаќај ги сериозно, немој никако. Немој да дозволиш во твоето срце да ја донесат омразата која ја имаат во своето. Не се докажувај и не се правдај, со таквите само ти можеш да загубиш. Твоето место во овој свет не може никој да ти го одземе.

Остави ги неважните нешта кои не те водат никаде, кои не ти помагаат да растеш и да напредуваш. Сконцетрирај се само на сопствениот мир и сопствените цели. Не ги собирај камењата кои ги фрлаат по тебе за да им ги вратиш назад, само прескокни ги и продолжи напред кон својот успех и среќа.




Коментари

[fbcomments]