Категории

Кога природата ќе си поигра се создаваат прекрасни глетки: Вакво нешто може да се види само во Канада

Градината Бачарт важи за една од петте најубави на светот. Нејзината убавина го одзема здивот, а оваа раскошна убавина може да се види во Канада. Во оваа градина се наоѓаат преку 700 различни билни видови.

Комплексот со градини се наоѓа на Ванкуверските острови во Канада. Интересно е тоа што на ова место некогаш бил каменолом, кој бил во сопственост на семејството Бачар, а потоа го преуредиле во градина. За изгледот кој го има денес заслужна е Џени, сопругата на сопственикот. Малку по малку, таа успеала да направи градина во која секој ден свири симфонија од најубави бои, мириси и облици.

Прегледи:
507
Објавено на:
23.04.2020