Категории

Кога температурата ќе падне на минус 12 степени, од овие водопади застанува здивот

Водопадите на планината Тајханд во Кина, се замрзнале кога температурата паднала на минус 12 степени Целзиусови.

Фотографиите од кои застанува здивот, биле направени во провинцијата Хебеј, на северот на Кина, и ги прикажуваат необичните водопади кои од година во година привлекуваат туристи од целиот свет, а кои замрзнале поради ниските температури.

Планинските водопади кои обично ја исполнуваат областа со громогласниот звук на водата, се претвориле во мразулци.

zamrznati-vodopadi-tajhang-kina-02

Воодушевените посетители побрзале да го видат овој природен феномен, кој последен пат бил забележан во 2012. година.

zamrznati-vodopadi-tajhang-kina-03

Планинскиот венец Тајханг се простира во три провинции и долг е околу 400 километри. Неговата просечна надморска височина е 1.500 – 2.000 метри, а највисок врв е Сијао Вутаишан.

Во зимските месеци, температурите во студената провинција Хебеј се движи од минус 12 до 1 степени Целзиусови.

Прегледи:
506
Објавено на:
07.01.2016