Кога температурата ќе се приближи до нула, тие се вистински спас: Најтоплите и најмодерни чизми за оваа сезона! (ФОТО)

Без удобни обувки, зимата е незамислива

Кога врне снег и станува многу студено, удобноста станува приоритет. Чизмите што ќе нè стоплат се задолжителни, па дури и ако изгледаат убаво тоа е полн погодок.

Оваа сезона во тренд се гломазни модели на чизми како бајкерки или мартинки.

 

Ако сакате да ги исполните сите модни критериуми, мора да имате барем еден пар во вашата колекција. Ни трендсетерките, ниту познатите дами не можеа да му оддолеат на овој тренд, па можевме да ги видиме во вакви чизми во разни прилики.

Што се однесува до овој модел, може да се комбинира со спортски стил, но и со некои празнични фустани и здолништа при што изгледа феноменално. Најважно е дека тие се удобни и дека сигурно нема да ви биде ладно во нив.

Ако планирате да купите еден пар, црниот модел е најдобар избор кој ќе можете да го носите цела сезона, но имајте предвид дека моделите во светли бои се исто така многу актуелни.


тагови


Коментари

[fbcomments]