Кога температурите се под нулата, тие се вистински спас: Најтоплите и најмодерните чизми за оваа сезона!

Без удобни обувки зимата е незамислива

Кога ќе падне снегот и е многу студено, удобноста станува приоритет. Чизмите што ќе нè стоплат се задолжителни, па уште и ако изгледаат убаво тоа е полн погодок.

Оваа сезона во тренд се модели на обувки како што се бајкерките или мартинките.

Доколку сакате да ги исполните сите модни критериуми, мора да имате барем еден пар. Ниту трендсетерките, ниту познатите дами не се спротивставија на овој тренд, така што можевме да ги видиме во овакви чизми во разни прилики.

Што се однесува до овој модел, дозволено е да се комбинира со спортски стил, но и со малку посвечени фустани и здолништа и тоа изгледа феноменално. Она што е најважно е дека тие се пријатни и дека сигурно нема да ви биде ладно во нив.

Ако планирате да инвестирате во еден пар, црниот модел е најсигурен избор што можете да го носите цела сезона, но имајте во предвид дека се исто така многу актуелни и моделите во посилни бои.




Коментари

[fbcomments]