Категории

Кога животот ќе те гурне на колена и не можеш да се исправиш – Продолжи со лазење, само не застанувај!

Да доживееш пораз, а да не се предадеш. Да искусиш горчина, а да не станеш огорчен. Да доживееш разочарување, а да продолжиш да се надеваш..

Најголемата среќа лежи во прифаќањето на самиот себеси, онаков каков што си. Да им покажеш на луѓето што чувствуваш, без страв од осудување. Да не се плашиш, да останеш силен и достоинствен и тогаш кога животот ќе те паднат на колена. Да го пронајдеш својот мир во нештата кои те исполнуваат и да не се грижиш што зборуваат другите луѓе.

Да се бориш за себеси и своите права. Да не се плашиш од предизвиците и непознатото, да ризикуваш и да превземеш чекор и тогаш кога во себе трепериш од сомнеж и несигурност, само така ќе ја откриеш храброста. Да ги прифатиш своите грешки и никогаш да не се осудуваш себеси поради нив.

Малите чекори носат до големи откритија. Познатиот шпански виолинист Пабло де Сарасате некогаш рекол: „Триесет и седум години вежбав по четиринаесет часа дневно, и сега ме нарекуваат гениј. Луѓето го гледаат резултатот, среќен или несреќен живот, победи или порази, но не го гледаат патот до нив. Тоа е пат до големата уметност на животот, секој ден да работиш на себеси, да направиш мал чекор кој ќе однесе многу далеку.“

Прегледи:
483
Објавено на:
18.04.2020