Кога зрачите со светлина, им пречите на оние што живеат во темнина: Еве зошто во денешно време не се простува среќата и успехот!

Еве зошто во денешно време среќата и успехот не се простуваат!

“Никој не им завидува на вашите способности, туку на вашите успеси. Додека работите, тие ве сметаат за луди, а кога ќе постигнете нешто, дека сте имале среќа”.

Успехот тешко се простува, често се омаловажува и понекогаш игнорира. Сепак, успехот најчесто е осуден на негативни коментари од околината, кои имаат за цел да го направат помал или чист производ на среќни животни околности.

Почесто ќе слушате луѓе како фалат непознати, отколку блиски личности, за чиј успех биле сведоци. Полесно е да упатат комплимент на некој што не го познаваат. Тешко е да се кажат пофалби затоа што тоа ги прави да се чувствуваат помалку вредни.

Дрвја и камења се фрла на нешто што со години некој го градел, со забелешки дека имал среќа.

Таквите обично напаѓаат без валиден аргумент, наоружени со отров и цинични зборови. Вакви коментари ќе слушнете исклучиво од луѓе кои не се задоволни од сопствениот живот, луѓе кои не се во состојба да направат нешто за себе, но претпочитаат да седат и да го критикуваат светот околу нив.

Незадоволни од сопствениот живот, луѓето стануваат огорчени. Негативното коментирање за животот на некој друг им помага, барем накратко, да ги свртат мислите од своите неуспеси.

 

Можеби многумина треба да разберат дека незадоволството не се третира со омаловажување на другите достигнувања, туку со упорна работа на себе.




Коментари

[fbcomments]