Категории

Кои автомобили ги дизајнирале жени?

Дизајнирањето автомобили вообичаено се смета за „машка“ работа, но некои од најпопуларните актуелни автомобили се нацртани од женска рака. Жените во последните години се почесто се искачуваат до главните позиции во дизајнерските оддели на автомобилските компании.

Според CNN, компаниите согледуваат дека женската естетика може да даде посебен изглед на возилата, а ова се некои од најпопуларните модели наменети за американскиот пазар кои се дизајнирани од жени.

Acura/Honda NSX

Дизајнот на овој автомобил е дело на Мишел Кристенсен, Американка со данско потекло. Како што истакнува, нејзината цел била да создаде агресивен изглед, но истовремено да ја задржи и елеганцијата.

Nissan Titan

Дизајнерката Дијан Ален учествувала во дизајнирањето на некои од најпопуларните SUV возила на Nissan. Моделот Titan наменет за американскиот пазар е првиот што го работела како лидер на дизајнерскиот тим. Вели, дека одамна сфатила дека нема машки или женски дизајн, бидејќи автомобилите треба да му се допаднат на секому.

Jeep Renegade

Кога размислувала за овој автомобил, Ла Ширл Тарнер водела многу грижа за тоа како изгледот на овој теренец да биде атрактивен и по многу години. Многумина сметаат дека необичните бои и материјали користени за изработка на надворешноста на ова возило се чекор во таа насока.

Mustang GT

2

Кога ќе се спомне типично машки автомобил, веројатно меѓу првите модели што доаѓаат на ум е легендарниот Mustang. Сепак најновиот модел е дело на кабриолетот Ford Mustang GT е дело на дизајнерката Сузан Лампинен.

Прегледи:
406
Објавено на:
28.01.2016