Кои хороскопски знаци ќе ви ги кажат најдобрите љубовни совети?

Ако ве мачат љубовни проблеми, а имате пријатели кои се родени во некој од овие знаци- побарајте совет од нив, тие се експерти за љубовни совети.

  • Риби

Сила-емпатија
Рибите се неверојатни кога се работи за разбирање на своите емоции, а тоа е благодарение на тоа што изобилуваат со нив. Тоа ги прави одлични советници за љубовни проблеми, посебно ако се „борите“ со чувствата во врска со симпатијата, поранешниот или сегашниот партнер. Рибите се водени знаци, па знаат да бидат „преплавени“ со емоции. Тоа ги прави одлични советници токму во овие ситуации.

  • Стрелец

Сила- искреност
Стрелците може да бидат неочекуван извор на добри љубовни совети во животот. Тие не се познати по својата способност да бидат чувствителни, но се исклучителни кога се работи за искреноста, дури и кога е тешко да се изговори. Тие ќе бидат брутално искрени со вас, па ако не им се допаѓа врската во која се наоѓате, очекувајте коментари од типот „Бегај додека можеш“. Тие имаат способност да бидат искрени, но не внимаваат многу на вашите емоции- секако ќе ви го кажат токму тоа кое треба да го слушнете во тој момент.

  • Девица

Сила- логика
Девиците се познати по својата способност да се организираат, како и заради начинот на помош со кој можат да ги откријат сите аспекти на дадената ситуација. Тоа може да ви биде од голема корист кога се чувствувате изгубено во врската, или кога сте неодлучни во врска со новата љубов. Девиците секогаш ќе ве разберат и ќе ви помогнат да ги согледате дури и најситните детали за проблемот со кој се борите.




Коментари

коментари