Категории

Кои козметички производи треба да ги чуваме во фрижидер?

Козметичките производи се неизоставен дел од животот на секој човек. Многу е значајно да се внимава на нивната хигиена и датумот на важност. Но, трајноста и дејството на некои козметички производи може да се продолжи и подобри со чување во фрижидер на истите. Секако, тоа не се однесува на производите како што се течната пудра и маскарата чија текстура може целосно да се промени на ниски температури.

Производи кои е пожелно да бидат во фрижидер:

-природна козметика -парфеми -крема за подрачјето околу очите -крема за сончање -третмани за лекување на акни

Производи кои не треба да се чуваат во фрижидер:

-моливчиња за очи -течна пудра -производи со маслена база -маскара

Прегледи:
1185
Објавено на:
02.03.2019