Кои проблеми се јавуваат ако не спиеме доволно?

Недоволно часови поминати во спиење = уморна и безживотна кожа. Еве како да го претворите спиењето во своја „бјути“ рутина. „Во текот на ноќта нашето тело се одмара и се регенерира“, вели познатиот дерматолог Денди Енгелмен од Њујорк. Доколку не спиеме доволно, можат да се јават следните симптоми.

Безживотен тен

Недостатокот на сон ја намалува природната хидратантна бариера на кожата, што може да предизвика кожата да изгледа сува и без сјај.

Мозолчиња

Во текот на сонот нашиот организам го потиснува произведувањето на кортизол (хормон на стресот). Кога не спиеме доволно, тој нема време да се „смири“ па може да предизвика воспалителни процеси на кожата и акните.

Подуени очи

Кога нивото на кортизол се зголемува (што се случува кога не спиете), вашиот организам ја задржува водата. Па, бидејќи кожата на капаците е многу тенка, тука подуеноста е најизразена.

Вишок килограми

Намалениот сон го подигнува нивото на грелин (хормон на гладта), а го намалува произведувањето на лептин, хормонот кој ни кажува кога сме сити. Двоен проблем!




Коментари

коментари