Категории

Кои се 4-те совршени облици на женски задници и како да ги обликувате?

Доколку сакате да извлечете максимум од својот облик на задникот и до лето да изгледате совршено, најпрво е важно да одредите каков вид на задник имате – тогаш може да започнете со вежбите кои најбргу ќе ве доведат до целта.

Повеќето женски задници можеме да ги групираме во четири категории – квадратен, срцевиден, кружен и превртена буквата V.

Квадратна

Овој облик е препознатлив по тоа што долниот дел е поспуштен, а вишокот волумен се наоѓа на врвот, како формата на задникот на Кендал Џенер. Кај овој облик важно е да изградите странични мускули со кои ќе го пополните страничниот дел од бикините.

– Вежбите мораат да бидат насочени на страничните мускули. Одлична вежба за овој облик е ротациски исчекор.

Кружна

Ако имате кружна форма на задник, како Кајли Џенер, тогаш немате проблем со волуменот како оние со квадратна форма. Кај овој вид, важно е да се сконцентрирате на тонирање на средниот дел.

– Пилатес вежбите се одлични за жените со кружни задници. Исто така, движењата при кои колковите ротираат и нозете се движат.

Срцевидна

Тоа е вид на задник кој со гордост го покажуваат Ким и Клои Кардашиан. Тој тип на задник има најмногу волумен таму каде што треба, на средина, а страничните мускули се добро развиени. Кај овој вид на задник треба да се внимава на одржување на средишниот дел на мускулот.

Буквата V свртена наопаку

Ваков облик има Кортни, а карактеристичен за него е недостатокот на волумен во однос на другите облици.

 

Прегледи:
1128
Објавено на:
15.03.2018