Категории

Кои се најбизарните фетиши?

Ако мислите дека работите кои ве возбудуваат се чудни, можете да го погледнете списокот на признати и регистрирани сексуални фетиши, па најверојатно ќе разберете дека и не сте баш некој голем чудак.

Агалматофилија

Овој фетиш се однесува на пластичната љубов, односно пластичните кукли. Тој ги вклучува личностите кои повеќе ги возбудуваат пластичните кукли отколку вистински партнер. Живееме во свет кој толку многу ја потенцира совршеноста, па така овој фетиш и не е толку чуден начин за некој да си обезбеди за себе совршен партнер.

Мелолагнија

Љубителите на музика ги обзема еуфорија кога ќе ја слушнат омилената песна. Истото тоа им се случува и на личностите кои го имаат овој фетиш, разликата е во тоа што нивната еуферија е поврзана со сексуално возбудување.
Уметноста може да разбуди многу чувства, па зошто не и сексуални ?

Јестијалност

Личностите кои го имаат овој фетиш, сексуално ги возбудува тестото и лебот.

Фротеризам

Доколку сте биле на концерт или на некој спортски настан, знаете како е да се биде во гужва, односно многу близу до други луѓе. Можеби и премногу близу, освен ако го немате овој фетиш. Луѓето со овој фетиш ги возбудува триењето од гениталиите на странци на јавни места.

Форнифилија

Замислете вашиот партнер да ви послужи како стол за кафе, држач за пешкири, или пак стол? На многумина ова би им било смешно, но луѓето кои го имаат овој фетиш, сексуално ги возбудува да го гледаат својот партнер кој се однесува како некое парче мебел.

Салирофилија

Овој фетиш подразбира претворање на убавите работи во нешто непривлечно и нечисто. Тој може да вклучува уништување на слики, облека, луѓе… Овој фетиш сепак не вклучува агресија, само претворање на нешто убаво во нешто крајно непривлечно.

Дакрифилија

Се работи за сексуална возбуда кога се гледаат солзи на други луѓе. Без разлика дали се работи за солзи од радост, тага, болка….

Формикофилија

Луѓето со овој фетиш ги возбудува кога инсекти лазат по нивното тело и ги грицкаат. Иако на многумина ова им е крајно ужасно, овие луѓе уживаат и сексуално се возбудуваат на тој начин.

 

Прегледи:
167
Објавено на:
06.04.2019