Кои се најчестите лаги кои мажите ги кажуваат на првиот состанок

Тие едноставно сакаат да ги „филуваат“ некои нешта

Мажите сакаат да остават позитивен впечаток на првиот состанок, исто како и жените. Иако поголемиот дел од нив уште од самиот почеток се отворени и искрени, некои едноставно сметаат дека подобро ќе пројдат доколку лажат, односно ги „филуваат“ некои нешта, правејќи ги попријатни од она што се.
Еве за што најчесто мажите лажат уште на првиот состанок

Финансиска состојба
Сакале да го признаете тоа или не, жените ги судат мажите по состојбата на сметката и нивната можност да одгледуваат семејство. Баш поради тоа мажите често имаат тенденција да лажат за својата заработувачка или да се фалат со својот автомобил, часовник и сличен имот со цел да ја импресионираат потенцијалната партнерка.

Станбено прашање
Ако веднаш уште на првиот состанок ви признае дека живее со цимер или со родители, веројатно дека тоа нема претерано да ве воодушеви, па затоа ќе каже дека живее сам, а цимерот ќе го нарече пријател на кого му прави услуга со тоа што му дозволува да преспие кај него неколку денови.

Излегување со други жени
Ова е една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако дека нема да ви каже дека пред некој ден на вашето место била друга девојка, кој би сакал да претстави како женкар?

Фитнес навики
Знае дека стомачните мускули се слабост на секоја девојка, па веројатно дека ќе ве излаже дека посетува теретана редовно (во која веројатно е дека не е ни зачленет).

Бивши
Ако тој ја изневерил својата поранешна партнерка или направил нешто слично во претходната врска, многу веројатно е дека нема да ви го каже тоа, а особено не уште на првиот состанок.

Вистинските намери со вас
Можеби навистина сака да оствари длабока поврзаност со вас, а можеби само сака да ве одвлечка во кревет. Тоа е тешко да се открие, особено ако не го познавате од порано.




Коментари

[fbcomments]