Категории

Кои се најчестите стравови кај луѓето?

Сите луѓе се плашат од различни нешта, некои пак се поплашиви од другите. Сепак, постојат стравови кои се почести и заеднички за многу индивидуи.

 

Страв од летање – иако статистиката покажува дека авионите се најбезбедната форма на сообраќај, сепак овој страв котира највисоко на листата стравови кај луѓето.

Страв од јавно говорење – овој страв е чест кај луѓето поради многуте погледи и внимание насочени кон нив кога зборуваат пред повеќе луѓе. Така, луѓето се плашат дека можеби ќе направат грешка или нема да им се допаднат на другите.

Страв од височини – можеби подобро е да се каже „здрав од паѓање“ и тоа што може да се случи при падот од височина. Овој страв е трет на листата и чест кај многу луѓе.

Страв од темина – овој страв е универзален за децата, а многу присутен и кај голем дел од возрасните личности. Тоа е поради тоа што во темнина се чувствуваме поранливи и сметаме дека не можеме да се заштитиме.

Страв од интимност – иако многу луѓе бисе изненадиле, сепак овој страв е петти на листата стравови кај луѓето. Во денешно време, многу луѓе се плашат од одбивање од друга личност, врзување или пак од тоа да бидат контролирани. Сето тоа, резултира со страв од интимност.

Страв од смрт – иако голем дел од луѓето не размислуваат премногу често за тоа, сепак овој страв е присутен кај луѓето.

Страв од неуспех – сите се плашат од неуспех, или пак од судењето кое доаѓа од другите луѓе кога нешто не испаднало како што би требало.

Прегледи:
421
Објавено на:
14.09.2018