Категории

Кои се посреќни? – Сопствениците на мачки или на кучиња?

Сопствениците на кучињата и мачиња постојано се натпреваруваат. Кое милениче е подобро, попаметно, поприврзано.. Научниците исто така ги интересира, но и интригира прашањето – кој всушност е посреќен, сопственикот на куче или маче?

Последното американско истржување ги испитуваше сопствениците на мачиња и на кучиња одвоено. Анкетата освен тоа што открила дека шест од десет домаќинства кои имаат домашен миленик, нивните сопственици се далеку посреќни.

Сопствениците на кучиња се два пати посреќни од сопствениците на мачки, додека луѓето кои немаат домашен миленик се наоѓаат на второ место. Со други зборови, луѓето кои имаат куче се нешто посреќни од оние кои немаат миленик, а се два пати посреќни од оние кои чуваат мачка.

Резултатите од анкетата дошле до откритие дека сопствениците на кучи се посклони кон брачна заедница и купување на сопствен дом отколку сопствениците на мачки, а двата фактори влијаат на задоволството во животот.