Категории

Кои се предностите на грчкиот јогурт врз вашето здравје?

Ако за појадок сакате да јадете овесни снегулки со млеко, можеби би можеле да пробате да го замените со грчки јогурт.

Зошто? Спрема зборовите на нутриционистите, овој кремаст производ со фина текстура е фантастичен начин својата исхрана да ја збогатите со мноштво хранливи состојки. Освен за појадок, грчкиот јогурт можете да го комбинирате со ручек со пекарски компир или да го консумирате како десерт во вид на смуди.

Секако она на кое би требало да обратите внимание е процентот на масти во грчкиот јогурт, затоа што не се сите исти. Во идеален случај ви е потребен јогурт со 200 калории и 2% масти. Што се однесува до шеќерите не треба да да се застапени повеќе од 10 грама. Обрнете внимание затоа што колку е пониска содржината на масти, производителите претендираат да додадат повеќе шеќери. Секако она кое би требало да го избегнувате се вештачки ароми и бои.

Што е всушност грчкиот јогурт?
Основната разлика помеѓу грчкиот јогурт и обичниот јогурт е постапката на цедење. Грчкиот јогурт се цеди за од него да се отстране сурутката поради што е значително погуст од обичниот јогурт. Исто така тој има и помал процент на шеќери во себе и поголема количина протеини.

Предности на грчкиот јогурт:

 

  • Помага при губењето на килограми благодарение на високиот степен на протеини во себе. Протеините се оние кои всушност ве држат сити.
  • Грчкиот јогурт содржи голема количина пробиотик што се всушност здрави бактерии кои помагаат за здрава работа на цревата. Добри се за варење како и за имунолошкиот систем.
  • Вашите коски ги одржува силни и здрави. Млечните производи се добар извор на калциум кој е важен за здравјето на коските а во грчкиот јогурт овој минерал го има во голема количина.
  • Може да го намали ризикот од дибатес тип 2. Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на грчки јогурт го намалува ризикот од појава на овој вид на дијабетес благодарение на ниската содржина шеќери и пробиотик.
  • Грчкиот јогурт во себе содржи витамин Б12 кој е важен за црвените крвни клетки како и фосфор, цинк, јод, калиум и бројни други витамини и минерали важни за човечкото здравје.
  • Тој е одлична замена за обичниот јогурт и може да се користи при најразлични врсти рецепти.
  • Може да ви помогне брзо и лесо да се опоравите после вежбање, благодарение на високата содржина на протеин кој работи на опоравувањето на мускулите.
Прегледи:
209
Објавено на:
05.11.2020