Кои се рекордите за екстремни временски услови?

Светската метеоролошка организација направила листа на екстремни временски услови. На неа се наоѓаат најниската и највисоката забележана температура, местото каде најмногу врнело дожд, како и местото каде е забележана најголема суша.

Најдолг сушен период
Во Чиле, во градот Арика е забележан најдолг сушен период. Во овој град дожд не заврнал цели 14 години, од октомври 1903 година до април 1918 година.

Најмногу дожд во минута
Во американската држава Мариленд, во градот Јунионвил, на 04.07.1956-та година е забележан рекорд, кога во минута паѓало 31,2 милиметри дожд.

Најмногу дожд во 24 часа
Во текот на еден ден најмногу дожд паднал кога поминувал циклонот Денис над Индискиот океан. Во еден ден, од 07.06-08.06.1966-та година паднале дури 1.825 метри дожд.

Најсилен град
Најсилен град паѓал во Гопалган, Бангладеш, на 14.04.1986-та година, кога починале 92 луѓе. Паѓал мраз тежок еден килограм.

Најголема ледена пустина
Најголемата ледена пустина која не се наоѓа во поларниот дел е на територија на Канада. Таа се наоѓа во националниот парк Клуан и се простира на територија од 21 980 квадратни километри.

Населено место со најниска температура 
Сибирското место Ојмјакон е најладното место каде живеат луѓе надвор од Антарктикот. Температурите паѓаат до минус 68 степени.

Најниска температура
Најголем минус е забележан во Восток, на Антартик- минус 89.2 степени Целзиусови, на 21.07.1983-та година.

Највисока температура
„Долината на смртта“ во Калифорнија влегла во историјата во летото 1913-та година со измерени 56.7 степени Целзиусови




Коментари

[fbcomments]