Кои трикови ги имаат „во ракав“ хороскопските знаци за да ве придобијат?

Ако прифатиме дека во љубовта,како и во војната има стратегија,напад и одбрана,тогаш не би требало да се изненадиме и налутиме од триковите кои се користат за да се освои една личност. Дознајте кој хороскопски знак каков трик користи!

1. Овен

Овенот прво ќе се заложи за вас,па ќе ве натера да признаете што чувствувате и кога ќе помислите дека вашата врска оди во добра насока тој ќе се одалечи или ќе исчезне на неколку дена. Во некои случаеви можно е да ви каже дека не го чувствува истото кон вас и дека му е потребна слобода.

2. Бик

Бикот никогаш нема да користи стратегии во љубовта. Според него-или си заљубен или не си. Но,тој може да искористи неколку трикови доколку стане љубоморен. А,како ќе ја препознаете неговата љубомора ? -Ќе го промени стилот на облекување,ќе биде недоследен и ќе провоцира со коментари.

3. Близнаци

Близнаците никогаш не се мирни кога се во врска. Тие не користат конкретна стратегија,трик. Се е во зависност од ситуацијата во која се наоѓаат и личностите кои се учесници во истата. Од близнаците можете се да очекувате. Може да ви ветат романтична вечера,а во последен миг да организираат голема забава за целото друштво. Доколку не ви одговараат на повиците,или пак се зафатени-не се лутете,таква е нивната природа.

4. Рак

Овој знак е познат по емоционалните уценувања, па затоа бидете внимателни затоа што може да ве тестира со некои негови трикови. Може да се договорите да излезете секој со своето друштво и во последен момент да ви се јави кажувајќи колку лошо се чувствува за да види која ќе биде вашата реакција.

5. Лав

Лавот обожува да флертува за да го задоволи своето его. Немојте да се збуните ако игра топло-ладно со вас. Лавот може да исчезне на неколку дена за да види дали ќе го побарате.

6. Девица

Девицата нема репутација на љубовен играч и не се служи со трикови.

7. Вага

Овој знак ако сака може да биде прв во љубовните игри и трикови. Тоа му предизвикува возбуда. Може да ви постави милион замки за да провери дали ќе ги поминете. Немојте да се изненадите ако еден ден е заљубена во вас,а наредниот флертува со друг.

8. Скорпија

Скорпијата во љубовта секогаш има стратегија. Со трикови се служи ако сака да ви докаже нешто или ако чувствува несигурност во врската. На секој начин ќе се обиде да ве направи љубоморни. Уште една карактеристика е што не и се допаѓа ако не се однесувате како таа што сака,па затоа може да ве остави кога најмалку очекувате.

9. Стрелец

Стрелецот е друштвен знак и тој обожува да излегува со пријателите и да се забавува. Но, тоа не го прави намерно за да ве повреди. Ако ви каже дека несака да се зближува со вас мора да знаете дека тоа му е трик и со тоа сака уште повеќе да се зближите.

10. Јарец

Неретко ќе ги тестира вашата стрпливост и издржливост се со цел да провери дали сте вистинското нешто за него. Немојте да се изненадите ако го откаже вашиот состанок поради деловни обврски. Тоа го прави само за да ве тестира.

11. Водолија

Водолијата е тежок случај затоа што со неа никогаш неможете да знаете на што сте. Можно е постојано да се изненадувате од чудни постапки. На пр. После убав викенд поминат заедно може да ви се јави изненадно и да ви каже дека веќе отпатувала со пријателите да се забавува.

12. Риби

Може да ви каже дека има многу додворувачи и не знае за кого да се одлучи,но тоа го прави бидејќи се чувствува несигурно. Во друго сценарио пак може да ви каже дека неможе да спие мислејќи на вас.




Коментари

коментари