Кои женски особини мажите никако не ги сакаат

Постојат некои женски особини кои не им се допаѓаат ни на самите жени, а особено не на мажите. Често тие се толку неподносливи што поради нив партнерот може и да ве остави. Ако ги поседувате, размислете можеби би требало нешто да промените.

Можете да бидете најубави, најатрактивни и посебни во се, но постојат некои „женски особини“ преку кои мажите не можат да преминат.

Мажите не сакаат злонамерни жени
Ни жените нити мажите не сакаат злонамерност. Мажите сакаат нивната поубава половина да биде едноставна и драга. Може да го привлече вашата убавина, но ако покажувате злоба спрема другите луѓе, тоа брзо ќе го одбие и бидете сигурно дека ќе побегне дури да трепнете.

Самовљубеност и премногу зборување
Мажите сакаат да зборуваат исто колку и жените. Тие им се отвораат на личностите кои ги чувствуваат за блиски, но ако не му дадете прилика да дојде до збор, тој ќе почне да се чувствува дека го гушите. Освен тоа, ќе ве доживее како некоја на која и е важно да биде секогаш во центарот на вниманието и не се грижи за туѓите чувства.

Негативни жени – нив никој не ги сака
Секој сака насмеана и позитивна жена покрај себе. Ако постојано се жалите на нешто, приговарате, многу размислувате, ќе мисли дека сте слаби и тоа ќе почне да делува негативно врз него. Ниеден маж не сака покрај себе жена која ќе го прави несреќен и незадоволен.

Посесивни жени кои ја убиваат љубовта кај партнерот
Секој маж сака да биде сакан и сака да знае дека некој секогаш се грижи за него. Но тоа што се грижите и го сакате, не значи и дека го поседувате и треба да бидете љубоморни додека зборува со друга жена. Доколку вашите љубоморни испади се чести, се расправате и не прифаќате објаснувања, така само му давате до знаење дека сте несигурни. Тоа никако нема да му се допадне и еднаш ќе стави точка на вашите испади.

Неуредните жени мажите не ги земаат во обзир
Не морате да изгледате како топ модел за да им се допаднете на мажите. Мажите свесно или несвесно ги привлекуваат жени кои се грижат за себе и за своето тело. Жените кои не се грижат за својата хигиена, имаат неуредна облека, коса и нокти, секогаш ќе бидат низок ранг. Но тоа не е проблем само за мажите, неуредноста не се толерира никаде.




Коментари

[fbcomments]