Категории

Кој акцент е најсекси?

Во анкетата која ја спроведе интернет сајтот посветен на патувања- „Big 7 Travel“, за најсекси акцент е избран новозеландскиот акцент на англискиот јазик.

Повеќе од 1.5 милиони луѓе од 60 различни земји низ светот учествувале во гласањето за најатрактивен акцент во светот.
На второто место во овој необичен избор се наоѓа јужноафриканскиот акцент, а третото место го добил ирскиот дијалект.
Интересно е тоа што често споменуваниот Италијански јазик и неговиот акцент, се најде на 4-тото место на оваа листа.


Од останатите јазици и акценти, во првите 10 влегоа: шпанскиот, францускиот, шкотскиот акцент на англискиот јазик, акцентот на југот од САД, бразилскиот акцент на португалскиот јазик и австралискиот акцент на англискиот јазик.

Прегледи:
542
Објавено на:
21.06.2019