Кој е господинот Тони (82) кој стана интернет сензација поради неговите совети за пензионерите и вежбањето? (ВИДЕО)

Хрватскиот пензионер кој во текот на изминатиот викенд го засмеа регионот со видеото на кое говори дека пензионерите не вежбаат доволно, откри за медиумите кој е тој и како успеал да биде потполно здрав до својата 82. година.

Вистинското име на овој симпатичен дедо е Таљат Селмани, познат како Тони, роден во Албанија, а во Загреб дошол во 1960. година откако се вратил од војска.  Дедо Тони откри и дека пензионерите не се лутат на него: „Пресреќни се кога ќе ме сретнат. Велат „добро им кажа“.

Вели и дека никогаш не бил болен и смета дека болеста не постои. „Умот леќи и уништува сѐ. По утрото денот се познава. Кога лежиш стави ги рацете позади грб, две перници под нозе за да ти бидат рамни. Телото се вежба со духот“- објаснува Селмани и додава дека сите вежби ги смислува сам.

Господин Селмани објаснува дека се мие со студена вода, а смета и дека без обзир на времето, сите треба да поминуваат време надвор. Движењето и вежбањето за него се најважни, а би било добро доколку сте во пензија, да вежбати три часа неделно. Освен тоа, важна е и медитацијата, вели тој.

Откако ги открил тајните на медитацијата престанал да јаде месо. Вели дека телото веќе не му го прифаќа, така што менито му се состои од разни варива, зеленчук и овошје. Сепак, истакнува дека секој треба да јаде тоа што му се јаде. „Нема смисла да се ограничувате“, додава.

Тој не пуши, а кога станува збор за алкохолот тој пие по една ракија наутро и по некое пиво повремено.

Најпрво работел во Хрватски телеком и ги приклучувал домаќинствата на телефонска мрежа. Така го запознал цел Загреб, но покрај дневната работа имал и уште една – бил манекен.

„Не само манекен туку првиот манекен во Југославија. Работев реклами за Вартекс, Каменско, рекламирав храна, пијалаци, а во една реклама глумев и шеик за поранешниот Интерконтинентал“, вели Тони и додава дека некои реклами ги работел заедно со својата сопруга за која вели дека е најубавата жена на светот.

Вели дека љубовта е најважна на светот. Уште во шеесеттите започнал да тренира боречки вештини, теквондо, кик-бокс и џиу-џицу.




Коментари

коментари