Кој е вашиот идеален тип на љубовник?

Кога се во прашање љубовните врски, секоја жена има свои преференции и замисли. Што се однесува до нејзиниот начин како таа гледа на односите со мажите, постојат одредеден тип на мажи на кои секоја жена е склона при одбирањето на љубовен партнер.

Па драги дами, кој е вашиот идеален тип на љубовник според оваа групација?

Провинцијалец
Тој сака и може. Формулата на неговото делување е многу еднсотавна: Маж+Жена=Секс. Неговото машко его не може да биде разнишано од нешта како што е стресот, грижите, или потценувањето од негови блиски. За да ги препознае ваквите проблеми, треба да чита, што тој никогаш не прави. Доста се движи па има добра циркулација. Кога ќе сумираме, интимниот однос со овој маж е се што можете да имате, барем ќе ја одморите главата од комплицирани животни разговори.

Интелектуалец
За разлика од претходниот, со интелектуалецот сексот не е загарантиран, но ако дојде до него, тогаш тој е прецизен, особено ако имате работа со инженер или математичар. Тој без грешка ги пронаоѓа вашите ерогени зони и завзема положба која ќе ве доведе до оргазам. До толку е прецизен што лесно можете да го замислите како со помош на шестар, линијар и калкулатор ги пресметува идеалните агли за спојување на вашите тела. Она што од ваквиот тип не можете да го очекувате е спонтаност и романтика.

Романтичар
Тој е вистински предизвик за сите работохоличарки кои се во константна брзина и чувствуваат грижа на совет ако се одморат барем на минута. Ако животот ве споил со романтичар, значи дека е време да научите лекција за трпение. Со овој маж никогаш нема да имате секс. Ќе водите љубов, можеби на кревет со ливчиња од рози и миризливи свеќи, бесконечни предигри. Затоа што за него кога љубовта започнува, времето застанува..

Хедонист
Со него е толку убаво што станува опасно. Ако ве одвел на вечера, тоа ќе биде празник за сите сетила, од магичен амбиент, до егзотични пијалаци, храна чиј вкус долго се памети. Но тој не е гурман само на масата. Во кревет ќе уживате во секој допир, движење, секој дел од вашето тело. Со него ве чека страст и огномети. Ако се осмелите, со овој маж ќе се запознаете себеси подобро отколку порано и ќе ги остварите дури и најлудите соништа.

Тажен меланхолик
Тој редовно гледа „Се за љубов“ и секој пат плаче. Нека не ве чуди ако неговите очи заблескаат дури и на најклише романтични филмови. Тој е олицетворение на верност и пожртвуваност. За него вие сте центарот на вселената. Тој е страствен, чувствителен, полн со разбирање за вашите емоционални подеми и падови, дури и за вашите пмс-испади. Тој наоѓа трагична смисла во се, па и во вашата љубов.Ако ве изневери или не се појави на состанокот, бидете сигурни дека е во прегратка на депресијата е не во прегратка на друга жена.

Ѕвер
Тој е менаџер, политичар или некоја друга ѕверка. Тоа значи дека често во кревет наместо љубовни шепотења ќе слушате известувања за економијата во светот, приказни за неплатени фактури или жестоки деловни ривали. По правило е оженет но жената, како што тој вели е „намќор“. Вашето име е шифрирано во неговиот именик и запишано во неговиот потсетник две недели порано, помеѓу два деловни состанока. Тој е човек со малку слободно време, а за да се искупи често ќе го прави тоа со вашиот омилен парфем или буќет цвеќиња.




Коментари

[fbcomments]