Категории

Кој лаже повеќе: Мажите или жените?

Едно неодамна спроведено истражување го докажало она во што жените одамна се сомневаат: мажите лажат повеќе од жените!

Во анализата на речиси 600 различни истражувања кои се спроведувале во последните неколку години, научниците откриле дека најмногу лажат помладите личности и мажите. Во истражувањето се изведувале мали експерименти, како фрлање парички. Секој испитаник фрлал паричка и морал да го каже резултатот – писмо или глава. Кој ќе добие глава, тој ги добива и парите.

На крај од експериментот бројот на главите и писмата би требало да биде приближно еднаков за сите испитаници. На тој начин се открило дека мажите почесто кажуваат невистини од жените. Меѓутоа, разликата е мала: лажеле вкупно 42% од мажите и 38% од жените. А веројатноста дека некој лаже се намалува со бројот на годините.

Мажите почесто лажат бидејќи се поспремни на ризик

Тоа би можело да биде единственото можно објаснување на резултатите од истражувањето. Мажите почесто ризикуваат да бидат фатени за разлика од жените. Освен тоа, на жените потешко им паѓа да лажат ако на тој начин наштетуваат некому.

Прегледи:
466
Објавено на:
20.01.2019