Категории

Кој си игра со вашите емоции, оставете го нека победи!

„Се плашев да изгубам некој посебен, а на крај ја изгубив таа личност. Но, преживеав и сѐ уште сум жив!“ Чарли Чаплин.

Кој се игра со вашите емоции и ви пружа само себична љубов, пуштете го нека победи. Кој се игра со вашата љубов и емоции, само за да ја исполните неговата емоционална празнина, дајте му ја заслужената награда: напуштете го. Бидејќи оној кој си игра со вас, не заслужува повеќе.

Во секој однос кој го водиме потребна ни е сигурност, без разлика дали се работи за семејството, пријателството или партнерството. А доколку во играта наречена живот постои нешто што не смееме да го изгубиме, тоа е достоинството.

Иако следниот факт нема да им се допадне на многумина, но можеме да кажеме дека човекот е „емоционално зависен“. Меѓутоа, таа зависност не смееме да ја сфатиме како потполна и апсолутна зависност од една или повеќе личности. Мислиме на потребата да се чувствуваме сакано и почитувано и да можеме да сметаме на таа сакана личност во секоја ситуација.

Градењето на односите на темел на играта на моќта во која само едната страна победува, боли. Спротивно на тоа, ако имаме партнер кој е зависен од давање ветувања кои не ги одржува или кој нѐ сака само од личен интерес, нашиот мозок ќе пати: чувство на интензивен стрес ќе почне да се појавува по некое време. Ова е инстинктивна, биолошка реакција која ни говори дека нешто не е во ред.

Љубовта како игра на моќ и како систем

Сите знаеме дека успехот на врската зависи од многу фактори, но еден од нив е способноста на двајцата партнери да даваат и добиваат поддршка. Штом едниот од нив не го поддржи другиот или ги занемари неговите потреби, партнерството слабее.

Колку и да ни се чини необично, не е секогаш лесно да се прифати оваа реалност. Понекогаш партнерот си игра со нас. а ние сфаќаме дека не користи како пиун во шаховска табла каде што се наоѓаат немилосрдниот крал и кралица кои уништуваат малку по малку сѐ и секоја фигура: нашата надеж, соништа и сила.

Не смееме да се лажеме. Љубовта не е игра, а кој се игра со вас, пуштете го да победи. Тоа е најдобро што може да направите. Конечно и вие ќе излезете како уште поголеми победници: на крај ќе стекнете достоинство, самопочитување и храброст.

Прегледи:
601
Објавено на:
29.12.2021