Кој слабее поспоро – високите или ниските жени?

Биди умерена, немој да се прејадуваш и престани да јадеш кога ти е доста. Исто така, немој да го споредуваш твоето тело со повисоките пријателки или членови на семејството. Секој од нас е различен.

Имено, ниските жени имаат поспор метаболизам и потешко слабеат. Колку калории му се потребни некому и како може да ја постигне идеалната телесна тежина зависи од годините и полот на личноста, како и во поединечни компоненти на телото – масно ткиво, коскена маст, мускулна маса и вода. Истражувањата покажале дека ниските жени имаат помалку витални органи од високите, односно дека величината на органот е пропорционална со величината на телото. Исто така, имаат и помали мускули, а се знае дека мускулите трошат повеќе калории отколку масно ткиво. Сепак, постои начин како може да се „надмудри“ природно спориот метаболизам.

Според едно истражување, личностите со побрз метаболизам погладни се од пониските личности кои имаат поспор метаболизам. Големината на органите не можете да ја промените, но можете количината на мускулната маса. Затоа, почнете со редовно вежбање, а вашите главни сојузници во намалувањето на тежината да бидат теговите и вежбите.

Кога настојувате да го намалите внесувањето на калории, зголемете го внесувањето на протеините кои даваат долготрајно чувство на ситост и го стабилизираат шеќерот во крвта. Поради тоа, започнете го денот со овесни снегулки и јогурт, намирници богати со протеини. Покрај тоа, внимавајте на внесувањето на минерали и витамини бидејќи некои диети кои имаат недостаток од нив и може да предизвикаат повеќе штета од корист. Пред да се одлучите да ја промените исхраната, информирајте се добро и проучете ги сите можни предности и маани и изберете ги оние кои најмногу ви одговараат.




Коментари

коментари