Категории

Кој сладолед му одговара на секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак има свој карактер и специфичности, па според нив можете да прочитате кој сладолед би му одговарал на секој од 12-те знаци.

Овен – сладолед од кафе со ситно сецкани ореви

Бик – сладолед од ванила со шлаг, прелив од чоколада и неколку вишни или цреши на врвот. Бикот нема да се буни ако внатре пронајде некое парче фин кекс.

Близнаци – сладолед од чоколада и путер од кикирики или комбинација на чоколада и јагоди, да ја заблажи јачината на вкусот. Сепак, тоа зависи од денот и расположението.

Рак – кремаст сладолед од ванила или чоколада

Лав – најголем и најлуксузен сладолед

Девица – смрзнат јогурт со парчиња овошје

Вага – сладолед од ванила кој во себе содржи парчиња чоколада

Скорпија – многу богат сладолед од црна чоколада со прелив-секако и преливот мора да биде од црна чоколада со висок процент на какао

Стрелец – комбинација на сладолед од кафе и чоколада

Јарец – сладолед од ванила во корнет посипан со шарени мрвици

Водолија – комбинација од вишни,кокос и авокадо во сладоледот

Риби – нив изгледот ќе ги импресионира повеќе од вкусот, па затоа е важно сладоледот да биде убаво сервиран и со интересни бои. Добар избор за Рибите е на пример комбинација од јагоди, лимон и мента.

Прегледи:
443
Објавено на:
31.03.2019